Македонија

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието денеска, во рамки на 40. седница, ја изгласа интерпелацијата за членовите на Судскиот совет – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова-Илиевска.

Со донесените поединечни заклучоци, се утврдува дека нивното дејствување значително придонело за нарушување на независноста, професионалноста и угледот на судството, како и за намалување на довербата на граѓаните во судскиот систем.

Дополнително, во заклучоците се наведува дека тие ја занемариле својата одговорност и не ја извршувале функцијата во рамки на Советот. Поради изгласаниот недоверлив став, се смета дека го губат легитимитетот за натамошно учество и одлучување во работата на Судскиот совет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни