Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за Денот на Републиката

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за Денот на Републиката

По повод одбележувањето на 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, како и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, Собранието на Република Северна Македонија објави детален план за активностите на парламентарните делегации во Крушево, Пелинце и Скопје за в недела, 2 август 2026 година.

Во име на претседателот на Собранието, Африм Гаши, централното одбележување во Крушево ќе го предводи потпретседателот Антонијо Милошоски, кој ќе биде главен говорник на Мечкин Камен.

Агенда за одбележувањето во Крушево

Собраниската делегација во Крушево, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, а во состав: Никола Мицевски, Петар Ристески и Митко Трајчулески, ги предвидува следните активности:

  • 09:30 часот: Положување цвеќе на гробот на Никола Карев во комплексот „Македониум“.
  • 10:00 часот: Положување цвеќе на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.
  • 11:00 часот: Одржување панихида во храмот „Свети Никола“.
  • 12:00 часот: Голем народен собир на Мечкин Камен:
    • Церемонија на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република;
    • Интонирање на државната химна;
    • Поздравно обраќање до присутните;
    • Официјално обраќање на потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски;
    • Културно-уметничка програма со настап на Националниот ансамбл „Танец“.

Одбележување во Меморијалниот центар во Пелинце

По повод 82 години од Првото заседание на АСНОМ, собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски и Јованка Тренчевска, во 09:00 часот ќе положи свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Активности на собраниската делегација во Скопје

Собраниската делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, заедно со пратениците Велика Стојкова-Серафимовска, Драган Недељковиќ и Благој Бочварски, ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе на неколку локации во главниот град:

  • 10:00 часот: Споменик на Никола Карев (пред зградата на Собранието).
  • 10:20 часот: Споменик на АСНОМ (Парк „Жена борец“).
  • 10:40 часот: Споменик на Методија Андонов – Ченто (Плоштад „Македонија“).
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни