Собранието ја продолжува расправата за нацрт-амандманите

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот ќе ја продолжи расправата за нацрт амандманите, во рамки на втората фаза од уставните измени.

На почетокот на вчерашната расправа во рамки на 64. седница на Собранието, премиерот Зоран Заев, образложувајќи ги амандманите кои произлегуваат од Договорот од Преспа, истакна дека останува отворен за инклузивен процес, барајќи од сите пратеници да интервенираат во фазата на поднесување амандмани.

Премиерот истакна дека тие ќе бидат инкорпорирани во Уставот само доколку Грција ги изгласа спогодбата и даде поддршка за Протоколот за пристапување во НАТО. Посочи дека оваа и следната година, се клучни за нашите евроинтеграциски процеси и за иднината на државата.

Заев повтори дека во иницијативата за измени на Уставот на РМ согласно Договорот од Преспа нема ништо спорно, а предложените Нацрт-амандмани се во согласност со меѓународното право и со интересите на РМ и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции. Реплицираше на опозициските пратеници кои изнесоа критики и забелешки за процесот, што според нив е неуставен и ќе се менува името на државата.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното