На 60 дена пред одржување на предвремените парламентарни избори, односно на 11 февруари ќе се распушти Собранието, рече денеска претседателот Талат Џафери, потпирајќи се на Уставот.
Вчера премиерот Заев изјави дека очекува парламентот да биде распуштен кон крајот на февруари поради Протоколот за НАТО, а Џафери истакна дека ако тоа се случи, тогаш изборите треба да бидат пролонгирани.