СОБОРЕН ГИНИСОВИОТ РЕКОРД: Седел повеќе од 3 часа во мраз

Полски вљубеник во издржливоста го собори Гинисовиот рекорд во Литванија во седење во мраз повеќе од 3 часа!

Валеријан Романовски седеше во стаклен резервоар со мраз на улицата Вилно.

Тој успеа да го задржи своето тело доволно долго во мразот за да го собори светскиот и Гинисовиот рекорд од 2 часа, 35 минути и 33 секунди, поставен од Ромен Вандендорпе од Франција.

Тој во моментов планира да се обиде да постави повеќе рекорди и веќе има над дузина проекти по ред, вклучувајќи возење велосипед и неколку патувања во Јакутија, Русија….

Љубителот на издржливоста изјави дека за овој „леден рекорд“ тренирал шест месеци.

– Неколку години добро се справувам со студот. Половина година пред рекордот беше донесена одлука да се испробам во оваа дисциплина. Направив неколку тренинзи, по што решив дека рекордот ми е на дофат на раката. – изјави Романовски за Гинисовата книга на рекорди.

Романовски претходно го собори Гинисовиот рекорд за најдолго возење велосипед на терен за 12 часа кога помина 341 километар.