Секретарот на рускиот Совет за безбедност денеска изјави дека политиката на Западот и на украинската влада води кон распаѓање на Украина на неколку држави. Изјавата на Николај Патрушев е ново предупредување дека Русија сака да ја подели Украина на помали држави за време на војната, за што Москва ќе се обиде да ги обвини своите противници.
Во изјава за владиниот весник Росискаја газета Патрушев, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека САД со години се обидуваат да поттикнат омраза кон сè што е руско во Украина.
„Украинците се обединети од стравот од националистички баталјони“
„Но, историјата не учи дека омразата никогаш не може да стане сигурен фактор на националното единство“, рече тој. „Ако нешто ги обединува луѓето во Украина денес, тоа е стравот од злосторства извршени од националистички баталјони“, додаде Патрушев.
Тој мислеше на украинските сили, кои Москва ги нарекува нацисти.
Затоа, единствен резултат на политиката на Западот и Киев може да биде распадот на Украина на неколку држави, заклучи Патрушев.
Коментарите на Патрушев, речиси девет недели по почетокот на инвазијата, се последниот показател дека Москва не сака да ја окупира, туку да ја подели Украина.
Откако не успеаја да го нападнат Киев, руските сили се прегрупираа во источна Украина во кампања за „ослободување“ на регионот Донбас. Рускиот генерал минатата недела изјави дека Русија сака да го освои целиот исток и југ на Украина.
