Руската ракета Сојуз, која го превезува јапонскиот милијардер, полета денеска кон Меѓународната вселенска станица (МВС), на патување кое го означува враќањето на Русија во вселенскиот туризам.
46-годишниот јапонски милијардер Јусаку Маезава, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин полетаа од космодромот Бајконур во Казахстан, како што беше закажано за 8.38 часот по средноевропско време, пренесува АФП.
Двајца јапонски вселенски туристи ќе поминат 12 дена во рускиот дел на Меѓународната вселенска станица.
Двајцата Јапонци ќе бидат првите туристи кои сами ќе си го платат патувањето. Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.
Цената на патувањето не е објавена.
„Би сакал да ја погледнам Земјата од вселената. Би сакал да имам можност да се чувствувам без тежина“, изјави вчера Мезава.
„Имам и лични очекувања, љубопитен сум да видам како ќе ме промени вселената, како ќе се променам во вселената по ова лето“, рече тој.
Неговиот помошник Јозо Хиноро ќе ја сними таа мисија.
