Нови случаи на индиската мутација нема, но четворица тетовчани се сомнителни на јужноафриканскиот сој. Тоа го покажал првичниот скрининг а дали е така ќе покажат анализите во МАНУ. Досегашните 10 регистрирани пациенти со делта се увезени и невакцинирани, но инфектолози стравуваат дека до крајот на летото може да имаме зголемување на бројот за што и ги подготвуваат капацитетите.
-Јас очекувам секако дека ќе се зголемат бројките и тоа кон крајот на летото. Се надевам дека нема да го видиме последниот бран, но ќе има случаи, можеби делта…Но ако ова е нашата реалност, мислат короната тогаш треба што побрзо да го прифатиме, вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.
Британски, африкански, индиски…лекарите велат ќе има и нови мутации и соеви и не може да се предвиди дали ќе се шират на ист начин и со иста клиничка слика како претходните. Делта мутацијата според инфектолозите ќе донесе новини со себе и можеби ќе биде многу поопасна за невакцинираните и оние кои не прележале Ковид.
-На пример кај делта од она што досега се знае има првични симптоми како главоболка, болка во грло и температура што не неа својствени за британскиот сој. Но кај секој од соевите ќе има асимптоматски, лица кои ќе поминат со лесна слика и такви кои ќе завршат во болница, вели Стевановиќ.
Директорката на Инфективна со став дека короната ќе донесе сериозна леција за здрасвтената заштита од која ќе мора да научиме дека систематскиот преглед е неопходен а не протоколарна задача.
И додека во светски рамки растат случаите на новозаразени, во Македонија состојбата е стабилна. Во 20 градови нема ниту еден активен случај на Ковид-19.
