Македонија

Сончево и топло – температурите до 38 степени

Сончево и топло – температурите до 38 степени

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во деновите од викендот во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер и ќе има мало опаѓање на температурата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни