Сончево и топло време – од четврток нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за слаб краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. T=33°C. P=979hPa. U=30%. V=2m/s.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.