Македонија

Сончево со мала до умерена облачно

Сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб, а во западните делови слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -9 до -2, а максималните од 3 до 10 степени.

Во Скопје малку до умерено облачно и студено со слаб до умерен претежно западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до  -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Утре и за време на викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и  ниска облачност. Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови. Од недела утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни