Македонија

Сончево со мала до умерена облачност – температури до 14 степени

Сончево со мала до умерена облачност – температури до 14 степени

Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во сабота времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни