Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 34 степени

Сончево со мала до умерена облачност, температурите до 34 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од 60 km/h.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни