Македонија

Сончево со мала локална облачност – минималните температури ќе се спуштат под минус 10 степени

Утре изутрина ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.  Минималните температури на места ќе се спуштат под минус 10 степени и ќе бидат во интервал од -12 до -4, а максималните од 2 до 9 степени.

Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до  -9, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Од недела ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни