Сончево со умерена облачност

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд.

Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.