СОНК бара надлежните да го одврзат кесето и да ги исполнат барањата на синдикатот
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков денеска на прес конференција истакна дека надлежните треба да го одврзат кесето и да ги исполнат барањата на синдикатот.
„Апелирам до Владата што побрзо да не повика на преговори, што побрзо да сфати дека со ваков однос кон синдикатот на овие вработени во државата кои што имаат општествено значење и што се многу важни за нормалниот секојдневен живот и функционирање на држава да не повикаат да најдеме взаемно прифатливо решение. Да го одврзат кесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и работниците и што побрзо да отпочне редовната настава“, вели Неделков.
Тој додава во спротивно целата одговорност ќе падне врз плеќите на ресорните министерства и владата.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни