Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои двајца тешко

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои двајца тешко

На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското село Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.У.(38) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(22) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ш.У. и сопатникот Ш.У. (62) од селото Другово, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека сопатничката во возилото „голф“ М.У.(66) од с. Другово и сопатничката во возилото „пежо“ М.Ч.(21) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од ОВР Кичево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни