Сообраќајна несреќа во тетовско Слатино, едното возило управувано од 16-годишник

Денеска (19 ноември) околу 11 часот и 40 минути, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, пред влезот во Слатино, се случила сообраќајна несреќа со учество на две патнички возила со тетовски регистерски таблици: „Голф“ што го управувал 16-годишник од Слатино и „Опел корса“ управуван од 36-годишниот Ф.А. од Нераште.

Во несреќата, односно судирот, телесни повреди задобиле возачот на „Голфот“ и неговиот 17-годишен сопатник и соселанец, како и сопатничката од „Корсата“ Ф.А. (71) од Нераште.Тројцата повредени пренесени се и задржани во тетовската клиничка болница.

Се вчитува...

Извршен е комплетен увид и се работи на утврдување на причините за несреќата, околностите и се друго.

Извор: ТВ21