Деновиве во Тетово се преземаат засилени активности за отстранување на погрешно паркираните возила, кои не само што го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку и во значителна мерка го отежнуваат чистењето на снегот од улиците и тротоарите.
Вчера и завчера ( 8 и 9 јануари ) санкционирани и подигнати се вкупно 30 погрешно паркирани возила, претежно во централното тетовско подрачје, со напомена дека на нивните сопственици изготвени им се мандатни платни налози. Глобата за ваквите прекршоци се движи од 45 до 180 евра во денарска противвредност, а прекршителите можат да впишат и 25, односно 40 негативни бодови, соопштуваат од СВР Тетово.
