Сообраќајот отежнат кон Попова Шапка, Стража и Маврово

Новите интензивни снежни врнежи, кои денеска го зафатија и Полошкиот регион, во значителна мерка го забавија одвивањето на сообраќајот, пред се кон Попова Шапка, Стража и Маврово, а извесни потешкотии во одвивањето предизвикаа и на тетовските и гостиварските улици.

Задолжените за зимско одржување на улиците интензивно се ангажираат околу отстранување на снегот од јавните сообраќајни површини. За да може ефикасно и брзо да се отстрани снегот, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до сопствениците на моторни возила да не ги оставаат возилата на места кои не се предвидени за тоа, зашто го попречуваат чистењето на снегот, а неправилното оставање на возилата ќе биде и законски санкционирано.Ова, со цел да се обезбеди нормално и непречено движење на другите возила и пешаците.

Се вчитува...

Извор: ТВ21