Сопругата на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, Линда Мекензи Петкова, ја напушти Бугарија и се врати во родната Канада.
Од таму, таа објави фотографии со нејзината ќерка и со пејсажите во родниот Ванкувер.
Веста дека Петкова си заминала во родната земја, без сопругот, ја објавија и повеќе бугарски медиуми кои потсетуваат за скандалот кога пред неколку месеци беше објавена видео снимка од маж кој го допира задникот на жена со која влегува во стан, а кои многу личат на Петков и поранешната шефица на неговиот кабинет, Лена Бориславова.
По подолг молк околу наводната афера, Петков се огласи јавно, и порача дека случајот со Лена бил обид на политичките противници да истурат врз него ,,жолта помија”, но сепак не одговори директно на прашањето дали имал афера.