Сопругата на премиерот се бори за бугарско државјанство

Сопругата на премиерот Кирил Петков, Линда Петкова е во постапка за стекнување бугарско државјанство. 

Ова е потврдено од нејзината објава на социјалната мрежа Фејсбук, каде покажува потврда дека зборува бугарски.

Линда Петкова е родена во Канада, каде што го запознала Кирил Петков, со кого има три ќерки.

Линда, исто така води сопствена слаткарница во центарот на Софија.