Сопственик на паб донел одлука само жени да можат да влезат – еве која е причината

Сопственикот на паб во Нотингем, Џош Вилхаус, решил во својот објект да организира вечери исклучиво за жени, додека на мажите им бил забранет влезот, сето тоа поради солидарност со девојките кои трпат насилство предизвикано од боцкање со игла.

Овој паб, кој се наоѓа во близина на градскиот кампус на Универзитетот во Нотингем Трент, ќе вработува и само женски персонал, додека храна нема да има бидејќи готвачот на пабот е машки пол.

Првата ваква вечер ќе започне на 3 ноември од 18 часот до крајот на работното време.

Вилхаус рече дека е многу возбуден што планот ќе се реализира.

  • Веќе разговарав со неколку здруженија на Универзитетот во Нотингем Трент и ќе организираме работилници за едукација на жените за тоа што да прават во ситуации кои би ги ставиле во опасност. Малку се двоумев со ова затоа што не сакав да шпекулираат дека сум некој што сака да заработи пари на популарност врз основа на ужасни работи што им се случуваат на девојките. Мојата партнерка ме поттикна на тоа, а застрашувачки е што многумина молчат за нападите врз жените – изјавил тој.

Додека многумина се восхитуваат на потегот на сопственикот, имаше и такви кои го критикуваа на социјалните мрежи, кои сметаат дека не се сите мажи такви и дека не треба да се дискриминира целиот машки пол поради потезите на неколку неразумни луѓе.

Голем број извештаи што пристигнаа од Нотингем во последните недели покажуваат дека покрај вербалното насилство, многу девојки страдаат и од боцкање со игли во ноќните клубови.

Според полицијата, откако напаѓачот ќе ги боцне со игла, тие ќе почувствувале само тап убод, по што повеќе не се сеќавале на ништо.

Кој организира вакви напади и каков вид опијат се инјектира кај луѓе кои страдаат од такви убоди, се уште не е детално истражено.

Исто така, слични методи се користат за да се стави во пијалокот на жртвата нешто дополнително за да може да го користи во моменти кога таа не е ни свесна за тоа.