Балкан

Сослушани психолог и педагог од училиштето „Рибникар“: Го објаснија однесувањето на момчето непосредно пред масакрот во Врачар

Сослушани психолог и педагог од училиштето „Рибникар“: Го објаснија однесувањето на момчето непосредно пред масакрот во Врачар

Психолог и наставник во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде на 3 мај тринаесетгодишно момче уби девет свои врсници и еден обезбедувач, биле сослушани во полиција. Според информациите, тие биле повикани да објаснат дали момчето се однесувало на необичен начин пред масакрот што го извршил, како и дали имало некакви проблеми со него на училиште.

Училишниот психолог и педагогот беа сослушани во рамки на предкривичната постапка поведена против мајката на момчето со цел да се провери дали нејзиното однесување кон нејзиниот син содржи елементи на кривично дело запуштање и напуштање малолетно дете. Тие дадоа изјави во полиција и кога ќе бидат преземени останатите дејствија што беа наредени, пријавата ќе биде доставена до обвинителството, според неофицијални информации.

Да потсетиме, изјавата ја дадоа мајката на тринаесетгодишникот, како и дадилката која го чуваше од единаесет месеци до пред неколку години. Овој случај го презеде вишото обвинителство во Белград, бидејќи пред нив веќе се води предметот против таткото на масовниот убиец од основното училиште. Неговиот татко е уапсен истиот ден кога се случи грозоморниот масакр во центарот на Белград и тој се уште е во притвор. Тој е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност.

Инаку, Министерството за образование изврши вонреден инспекциски надзор во училиштето и поднесе предлог за разрешување на директорот на училиштето, како и спроведување дисциплинска постапка против педагогот и училишниот психолог, кои беа суспендирани до завршување на постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни