Македонија

Состојбата е критична, продолжува да опаѓа нивото на Охридското езеро

Секојдневно опаѓа нивото на Охридското езеро, со што состојбата станува критична.

Нивото кое продолжува да опаѓа покрај тоа што го загрозува рибниот фонд и растителниот свет предизвикува проблеми и во пловниот сообраќај. Отежнато е пристапувањето на бродовите во внатрешноста на пристаништата во Охрид и Св. Наум.

Добрите познавачи како едни од причините за ваквата состојба со езерото ги посочуваат неповолниот хидролошки тренд ,климатските промени и човечката негрижа.

Тие сметаат дека приоритет мора да биде грижата за водните ресурси.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни