Социјалните мрежи го исмејуваат новото име на Фејсбук

Новото име на компанијата доаѓа од новиот правец во кој се движи компанијата, а тоа е создавање на „метаверс“, рече Зукерберг на виртуелната презентација на Facebook Connect.

Марк Зукерберг во четвртокот објави дека Фејсбук го менува своето име во Мета. Промената е најавена веќе некое време, а многумина не се воодушевени од новото име

Набргу по објавата на социјалните мрежи започна исмејување со ново име, а се вклучи и сопственикот на Твитер.