Свет

Советник заборави да ја исклучи камерата, па гол се појави на состанокот на Зум

Советник заборави да ја исклучи камерата, па гол се појави на состанокот на Зум

Советник од Романија, Алберто-Иосиф Карајан се појави гол на состанокот на Зум.

Кога колегата што претседаваше со состанокот го покани да учествува, советникот се појави во живо од тушот, гол и влажен. Неговите колеги потоа почнале да се смеат, а еден од нив му рекол на Алберт да ја исклучи камерата.

„Но, не можам, не можам да исклучам… се извинувам… не знам како да исклучам…“, рече советникот.

Откако успеал да се исклучи од разговорот, Алберто повторно се придружил на состанокот неколку минути подоцна – но дотогаш бил целосно облечен.

„Технологијата е полна со трикови. За жал брзањето си го направи своето. Се извинувам за немилиот настан. Извинување до сите“, рече советникот.

Но, проблемите со технологијата не застанаа тука кај него. Екранот на Алберт во еден момент стана црн и тој не можеше да одговори откако се јави повторно.

Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи. Многумина пишуваат дека советникот „навистина се посрамотил“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни