И покрај тоа што се бројат деновите до донесување на новите законски измени, со кои по автоматизам се укинува сегашното раководство на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски работи, Советот на АВМУ на седницата попладнето одлучи да распише конкурс за избор на земеник директор.
Според најавите од Владата, новиот закон се очекува да биде донесен до крајот на годината, што во старт ја прави дискутабилна одлуката за распишување конкурс за пополнување на место што четири години стоеше празно. Новите законски измени се пуштени во процедура уште во февруари и не можеме да чекаме, рече претседателот на Советот Лазо Петрушевски. Сепак, Петрушевски подоцна ја откри вистинската намера. Она што Канал 77 веќе го пишуваше за откриената дупка во законот, која предвидува со усвојување на новите законски измени на членовите на Советот и на директорот, но, во членот 44 никаде не се споменува и заменик директор.
Неофицијално, предлог законот за АВМУ утре влегува во комиска расправа во Собранието на Република Македонија, што пак не им остава простор на креаторите на идејата преку распишување на конкурс, да го пополнат заменичкото место во АВМУ.
