Свет

SpaceX е тужен за дискриминација

SpaceX е тужен за дискриминација

На Илон Маск му се наметнуваат правни проблеми поради обвиненијата за дискриминација. Американското Министерство за правда ја тужи компанијата на милијардерот за вселенска и сателитска технологија. Се тврди дека SpaceX ги дискриминирал бегалците и барателите на азил при неговото регрутирање.

Во документите во случајот се наведува дека самиот Маск објавил информации на социјалните мрежи дека американскиот закон бара минимум зелен картон за работа во компанијата, бидејќи проектилите може да се сметаат за напредна технологија за оружје. Според Министерството за правда, овие тврдења не се точни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни