Македонија

Спасовски и Чулев давале исказ пред Русковска за случајот со набавката на софтверот на Рашковски

Актуелниот е екс-министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Наќе Чулев пред обвинителката Вилма Русковска сведочеле за набавката на софтверот на екс-генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Спасовски давал исказ дека МВР нема потреба за софтверот купен од Рашковски, бидејќи сметало дека користењето на „Сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци.

Ексминистерот Чулев пред Обвинителството кажал дека во текот на неговиот мандат немал информации за набавката на софтверот на Рашковски.

Рашковски кој сега има секретарско место во кабинетот на премиерот Заев, не е повикан на распит, но редовно оди на работа откако се врати од одморот во Мексико.

Покана за распит засега нема ниту сопственикот на фимрата „Инвока гроуп“, во чии простории вчера беше извршен претрес.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни