Спасовски: Ја видов втората снимка од инцидентот во Битола, да ги сочекаме фактите, па да носиме суд

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи денеска рече дека ја гледал втората снимка од инцидентот во Битола. Истакна дека прво ќе се сочекаат сите аргументи, пред да биде донесен конечен суд.

Се вчитува...

„Ја видов снимката. Но, да ги сочекаме фактите, а потоа да носиме суд за таквите настани. Постапката е во тек на истрага. Не оправдувам никакво насилство, и тие што не ги почитуваат законите, секако ќе сносат одговорност. Напад на полицаец е напад на државата. Треба да ја штитиме македонската полиција“, рече Спасовски.

.

Извор: ТВ21