Министерот за внатрешни работи изјави дека треба да се проверат сите гранични премини каде изминатиот период автобусот без Извод од лиценца на „Беса транс“ поминувал, за да има одговорност како кај двајцата граничари од граничниот премин „Деве Баир“.
Спасовски додава дека наредил посебна оперативна обработка за проверка на сите институции побразни со транспортот како и компании кои вршат транспорт.
„Заведен е посебен предмет кој треба да ги утврди сите факти и докази кои се во корелација со оваа несреќа и незаконското работење на „Беса-транс“. Заведовме посебна оперативна обработка која ќе се однесува за сите институции и компании. Ќе правиме проверка за се, од добивање лекарски одобренија до лиценци. Каде и да се утврди прекшување ќе има сериозна кривично-правна одговорност“, вели Спасовски.