Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска на брифинг со новинари соопшти дека екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нема да се гони за случајот „Виа комерц“.
Надлежната обвинителка рече дека постапувале по анонимна пријава, која била за гонење на екс министерот по членот 353 односно злоупотреба на службената положба и овластување, јавува репортерот на 4NEWS.mk
Инаку станицата за технички преглед „Виа Комерц“ издала решение за исправност на автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани.
Министерот нема да се гони оти во периодот додека решението за затворање не било потпишано, автобусот не бил на технички преглед во станицата.
„Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение“, рече минатата година поранешната шефица на ОЈОГОГ Вилма Русковска.