Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одржа прес-конференција во врска со прислушувањата во ОЈО и судовите, оговарајќи на новинарски прашања не даде многу информации, за случајот, само напомена дека мора комплетно да се заврши во најбрзо време.
„МВР и понатаму сето тоа што ќе биде побарано од нас за да комплетно се затвори овој случај, значи мора да се тргне од набавката, инсталирањето на опремата па се до денеска.
Индициите се дека ваквата злоупотреба се правела од 2013 година од моментот кога била инсталирана опремата.
Не можам да дадам одговор сега дали сите разговори се снимени, за ова детално ќе покаже истрагата и некои други мерки кои треба да бидат преземени во делот на истрагата за да се добијат официјални податоци кои ќе го потврдат ова и кои што ќе докажат како биле спроведувани овие случаи на прислушувања на разговорите, кој бил корисникот, кој тоа го правел.. Значи без разлика што е монтирана опремата таа треба да биде одржувана, во целиот тој случај мора да се завршат сите истражни постапки и да видиме како случајот се реализирал.
Сеуште не можеме да зборуваме позиции, луѓе и слично. Имаме доволно податоци и кога ќе дојде моментот ќе идат сите обелоденети и процесирани“, одговори Спасовски.
