Македонија

Спасовски: Засега Владата нема да разговара за затворање на границата со Косово и со Србија

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не разговараше за евентуално затворање на северната граница, односно со Косово и Србија.

Тоа значи дека нема препорака до Владата, и нема да биде разговарано за евентуални нови рестрикции.

Ова го потврди и премиерот Оливер Спасовски денеска при посетата на Чучер Сандево.

„Ова не е прашање на политика, и затоа владата не може да носи одлука која би била политичка. Ние сакаме да носиме одлука врз основа на стручните лица. Ако се согледа било каква потреба, ако се согледа дека има потреба да се превземат мерки, тогаш ќе се разговара на Влада. Владата нема донесено засега никаква одлука, и во моментов важи старата, односно дека границите се отворени“, рече Спасовски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни