Несекојдневна спасувачка мисија ни доаѓа од ЈП Лајка!
Имено, нивните ветеринари и заловувачи – херои и овој пат беа во спасувачка акција, откако викендов беше пријавено и лоцирано куче од расата Далматинец паднато во реката Вардар.
Кучето било иплашено, исцрпено и во целосно безизлезна ситуација.
„Благодарение на брзата и успешна интервенција, кучето беше извлечено на брегот и згрижено во прифатилиштето, се до пронаоѓањето на сопствениците. Некогаш е прашање на миг дали животното ќе загине или преживее. Во различни околности, доаѓа до различни завршници, затоа јавно упатуваме апел до сите сопственици на миленици секогаш да внимаваат на своите кучиња, да не ги пуштаат да шетаат без контрола и бидат пример за одговорно сопствеништво“, велат од ЈП Лајка.
