Сплитскиот суд и го врати синот на Северина!

Откако Врховниот суд му го врати старателството на синот на таткото Милан Поповиќ, дваесетина дена подоцна дојде до пресврт.

Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ повторно го делат старателството над синот.

Се вчитува...

Како што дознаваат тамошните медиуми, Жупанискиот суд во Сплит на 6 февруари ја повторил претходната конечна одлука според која таткото и мајката Северина Вучковиќ на 12-годишното момче се обврзани „договорно и рамноправно да вршат родителска грижа“.

Тоа сега значи дека пејачката ќе помине две недели со синот, а потоа ќе оди кај неговиот татко на две недели. Северина пред половина час сподели фотографија на Инстаграм и му го честиташе 12-от роденден на синот.

Да потсетиме, како што претходно објави „Национал“, Врховниот суд во Загреб ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, кој во август 2021 година одлучи детето да помине две недели со таткото, а потоа две недели со мајката.

Северина за Индекс изјави дека не очекувала судот толку брзо да донесе нова одлука.

„Не очекував дека Жупанискиот суд во Сплит толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно на моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција.