Свет

Спречен терористички напад во Мелбурн

Австралиската полиција соопшти дека уапси три лица кои планирале терористички напад на Мелбурн. Лицата се уапсени во раните утрински часови во вторникот по локално време, пренесува Ројтерс.

Операцијата „Донабејт“ при апсењето се спроведува и во моментов на западниот дел од Сиднеј.

Претходно Сомалиец запалил комбе преполн со плин во центарот на Мелбурн, а со нож нападна три лица, од кои едното почина. Напаѓачот беше убиен, а одговорноста за нападот ја презеде т.н. Исламска држава.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни