Третата сезона на серијата „Ти“ премиерно беше прикажана на 15 октомври, и во моментов е најгледаната серија на Нетфикс, пишува Бизнис инсајдер.
Иако „Squid Game“ веќе неколку недели ја има титулата најгледана серија на Нетфликс, само неколку часа по премиерата на третата сезона на серијата „Ти“, јужнокорејскиот хит падна позиција пониско, односно сега го зазема второто место на листата на најгледани серии на Netlix..
„Ти“ е психолошки трилер кој носи продолжение на приказната за тивкиот убиец eо Голдберг и неговата девојка Лав Квин.
