Балкан

СРАМОТА! Возач на автобус не сакаше да ја спушти рампата за човек во инвалидска количка!

СРАМОТА! Возач на автобус не сакаше да ја спушти рампата за човек во инвалидска количка!

Непријатна ситуација се случила во Белград на автобуска станица кога според очевидци возачот на градскиот превоз не сакал да ја спушти рампата за хендикепирано лице.

Сè кулминираше со дискусија, а на крајот присутните рачно ја отворија рампата со шрафцигер за да може инвалидската количка да влезе во транспортот.

Според очевидци, возачот не сакал да ја спушти рампата бидејќи, како што навел, му рекле „да не ја отвора рампата“.

Инвалидот на крајот успеал да се качи во автобусот, а му помогнале луѓето кои биле до него.

Снимката од дискусијата е објавена на страницата на Инстаграм „beograd_info“, и предизвика гнев и бес кај корисниците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни