Србија атрактивна за македонските работници, кои од први март ќе може слободно да се вработуваат

Од 1 март стартува заедничкиот пазар на труд меѓу Македонија, Албанија и Србија. „Од македонска перспектива за очекување е дека одреден квантум вработени би можеле да се прелеат на подобро платени места, пред сè во соседна Србија, која има многу подобри проекти и инвестициски зафати“, вели Трајан Ангелоски, претседател на ССКМ, во интервју за „Блумберг Адрија“.

„Во овој временски период, во овој процес на движење на работната сила во делот на Отворен Балкан, пред сè очекуваме движење на работна сила од Македонија кон Србија. Но тоа е нормален процес. Во друг временски период, ако има повеќе економски активности, а логично е дека ќе мора да ги создадеме, секако ќе има и луѓе од Србија што ќе дојдат да работат во Македонија“, посочува Ангелоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното