Надоместокот за новороденичиња во соседна Србија достигна нова димензија по вчерашните законски измени. Сумите што ќе ги земат идните мајки се фантастични за овие простори. Така надоместокот за прво дете кое Србија ќе го дава е 4200 евра, второ 5200 евра, а за трето износот ќе биде 19.200 евра. За четврто дете Србија ќе дава износ од 27.000 евра.
Олеснителна околност за сите граѓани на Србија е што овој закон ќе важи ретроактивно па така сите жени кои се породиле во 2024 година ќе земат дел од парите. Друг новитет е што родителите нема да собираат никакви документи туку парите ќе им легнат директно на нивните сметки.
Во Македонија овие суми за новороденчиња изнесуват 5000 денари за прво дете и 20 илјади за второ дете.
