Србија: Ден на жалост за смртта на тројца Срби од Косово

Денеска во Србија е Ден на жалост поради смртта на тројцата Срби од северот на Косово кои загинаа во конфликт со косовската полиција во селото Бањска.

Одлука за прогласување Ден на жалост на територијата на целата Република донесе Владата на Србија, а претходно беше прогласена тридневна жалост во српските области во Косово.

Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ и Бојан Мијаиловиќ се убиени во судир со припадници на косовската полиција во неделата во селото Бањска, јавуваат регионалните медиуми.

Косовската полиција претходно соопшти дека во престрелката е убиен еден од нивните припадници, а двајца се ранети.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното