Владата на Србија донесе одлука за формирање координативно тело за воспоставување на граничниот премин Лојане-Миратовац меѓу Србија и Северна Македонија. Задача на ова тело, како што пишува во документот објавен во Службен весник ќе биде да ги преземе сите мерки и активности за исполнување на неопходните услови за отворање на овој граничен премин. ТВ21 во врска со ова, достави прашање до Амбасадата на Република Србија во Скопје, од каде ни одговорија дека е формирано координативно тело.
„Имајќи предвид дека е формирано координативно тело, кога ќе завршат со работа, јавноста ќе биде известена за резултатите“, велат од Амбасадата на Србија во Скопје.
Владата на РСМ пред неколку месеци го усвои Предлогот за поведување постапка за водење преговори за отворање на овој Граничен премин.
„Владата на 4 јуни, 2019, го разгледа Предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување на Протоколот меѓу МВР на Северна Македонија и МВР на Република Србија за одредување на подрачјето на заедничкиот Граничен премин и спроведување на граничниот премин и контрола на Граничниот премин за локален сообраќај, Лојане – Миратовац, со Нацрт – текст на Протоколот на македонски јазик и го усвои Предлогот“.
Граѓаните на двете села веќе една деценија чекаат да се отвори граничниот премин. Сепак тие велат дека го ценат секој обид во овој правец.
-Изразуваме длабока загриженост во однос на динамиката за отворање на оваа граница. Досега беше разочарувачко неотворањето на оваа граница, бидејќи го оневозможуваше слободното движење на жителите на Лојане и Миратовац. Го цениме секој обид за задоволување на потребата на граѓаните на Прешево за отворање на граничен премин, бидејќи е од посебна етничка важност што се однесува на делот во РСМ и Албанците од Прешево-рече Рагми Мусафа.
За отворањето на границата говореа и премиерите на Србија и Македонија. Двете села се оддалечени само 3км, а жителите се принудени да патуваат по 33км за да ги посетат своите блиски роднини.
