Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар изјави дека за еден ден во болниците во Србија биле хоспитализирани 400 лица.
„Коронавирусот дотолку зема залет што моравме да хоспитализираме 400 лица, од кои 150 лица во Белград“, рече Лончар, кој напомена дека најкритично е во Ваљево каде што капацитетот на болницата е веќе исполнет, а бројот на оние кои треба да бидат хоспитализирани расте.
Во меѓувреме, со изјава се јави и премиерката Ана Брнабиќ. Таа најави нови рекорди денеска односно над 2.000 заразени.
„Епидемиолошката ситуација се влошува. Секој ден ни е важен додека не ги завршиме тие ковид болници. Тогаш ќе биде полесно, а тоа ќе биде дури во декември“, рече Брнабиќ.
.
