Балкан

Србија игра руски рулет со превоз на опасни материи со железница, објави опозициска партија

Србија игра руски рулет со превоз на опасни материи со железница, објави опозициска партија

Последните инциденти во кои вагони со амонијак и фосфорна киселина излетаа од шините покажуваат дека Србија игра „руски рулет“ со превоз на опасни материи со железница, соопшти опозициската Народна партија, цитирана од новинските агенции Бета и БТА.

Тие го прашаа Министерството за животна средина колку дозволи за собирање, складирање, уништување, увоз и извоз на опасен отпад и супстанции се издадени во текот на годината.

„Колку мобилни единици за екотоксикологија има Србија во моментов и колку време е потребно за таква единица да излезе на терен доколку не е однапред подготвена“, прашуваат од Народната партија.

Тие потсетија дека возовите со опасни материјали сообраќаат „и низ центарот на Белград и Ниш“ и низ Нови Сад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни