Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со компанијата „Стелантис“ најави дека во крагуевачкиот „Фиат“ ќе се произведува електричен автомобил од типот „фиат панда“.
Како што објасни, новата инвестиција во фабриката за автомобили во Крагуевац ќе биде вредна 190 милиони евра, од кои 48 милиони евра ќе бидат издвоени од републичкиот буџет.
Тој рече дека подготовките за производство на новиот модел на автомобил ќе траат до крајот на 2023 година, а производството во Крагуевац ќе започне во третиот квартал на 2024 година.
„Стелантис“ е мултинационална корпорација за производство на автомобили, една од четирите најголеми во светот и е формирана во 2021 година со спојување на италијанско-американскиот конгломерат Fiat Chrisler Automobiles и француската групација ПСА.