Балкан

Србија на полувреме замина со 2:1

Србија на полувреме замина со 2:1

Србија – Камерун 2:1 е резултатот по првото полувреме на средбата од 2.коло во групата-Г. Србија беше подобра, во првата фаза имаше неколку идеални шанси, Митровиќ во 11.минута место мрежата ја погоди стативата. Шест минути подоцна Митровиќ имаше зицер, но успеа да промаши. Сето ова го казни селекцијата на Камерун кој со голот на Кастелето во 29.минута дојде во водство.

Сепак Павловиќ во 45+1.минута успеа да го погоди голот на Камерунците и да и донесе на Србија израмнување.

Но тоа не беше се од момците на Пикси, Сергеј со фантастичен гол во 45+3,минута стрелаше за водство од 2:1 со кој резултат се замина на пауза.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни