Од денеска стапува во сила безвизниот режим при влез во ЕУ за Србите од Косово кои имаат српски пасоши.
Ова произлегува од Регулативата која беше објавена на 23 септември во Службениот весник на ЕУ и која предвидува стапување во сила во рок од 20 дена.
Се вчитува...
„Оваа регулатива е целосно обврзувачка и директно применлива во земјите-членки во согласност со договорите“, се наведува во документот.
Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 18 септември потпишаа декрет за укинување на визите за Србите од Косово со пасоши издадени од Координативната администрација на Република Србија.
Целиот овој процес траеше околу една година.
