Македонија

Среда – 8ми декември ќе биде неработен ден

Последниот неработен ден за 2021 година, кој ќе важи за сите граѓани ќе биде 8 декември (среда).

На овој ден се празнува “Св. Климент Охридски“.

Свети Климент Охридски роден во околу 840 година — починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени.

Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни